Македонија Финансиска полиција демантира дека направила контрола во просториите на ИВЗ

Финансиска полиција демантира дека направила контрола во просториите на ИВЗ

Управата за финансиска полиција денеска демантираше дека вчера извршила увид и контроли во седиштето на Исламската верска заедница во Скопје. Финансиска полиција информира и дека воопшто не презела никакви дејствија досега за контролирање на финансиското работење на ИВЗ, но и дека вчера примила писмена пријава за финансиска контрола во ИВЗ.

Случајот ескалираше вчера, откако приврзаниците на Скендер Бузаку објавија дека дека го преземаат водењето на ИВЗ според судска одлука, како и дека финансиската полиција го контролира работењето на ИВЗ под водство на Сулејман ефенди Реџепи. Ријасетот на ИВЗ и Реџепи пак вечерта од Факултетот за исламски науки во Кондово порачаа дека остануваат на челото на ИВЗ.