Свет Европа Финалниот извештај за урнатиот авион „МХ17“ над Украина ќе биде објавен во...

Финалниот извештај за урнатиот авион „МХ17“ над Украина ќе биде објавен во октомври

Конечниот извештај за падот на малезискиот авион на летот „МХ17“ над истокот на Украина ќе биде објавен на 13 октомври, соопшти денеска холандската комисија за безбедност.

Во прелиминарниот извештај минатата година беше речено дека авионот го урнале бројни објект кои го гаѓале леталото.

Се верува дека авионот бил погоден со проектил од типот земја-воздух, кој по грешка е испукан на „боинг 777“ на компанијата „Малезија ерлајнс“, над истокот на Украина.

Две третини од 298 жртви биле Холанѓани, поради што оваа земја ја води судската и безбедносната истрага.