Подглавна секција ФИФА му оддаде почит на Синиша Михајловиќ со едноминутно молчење

ФИФА му оддаде почит на Синиша Михајловиќ со едноминутно молчење

Фото: Roberto Vicario, CC BY-SA 3.0 , via Wikimedia Commons

ФИФА, одлучи финалниот меч и натпреварот за третото место на Светското првенство да започнат со едноминутно молчење за да му оддадат почит српскиот поранешен играч и менаџер Синиша Михајловиќ, кој почина во болница во Рим на 53-годишна возраст поради леукемија од која боледуваше од 2019 година.

За време на Легендс купот кој се одржува во Доха играчите меѓу кои беа Гути, Снајдер, Матераци и други на своите дресови напишаа „Синиша 11“,

Претседателот на ФИФА, Џани Инфантино го покажа дресот со неговото име и бројот 11 кој Михајловиќ го носеше во текот на неговата успешна кариера како играч, а исто така изрази сочувство до семејството и пријателите.

Високиот функционер на ФИФА, Арсен Венгер најави дека и финалето на Светското првенство меѓу Аргентина и Франција ќе започне со едноминутно молчење за починатиот Синиша Михајловиќ.

„Да, ќе има едноминутно молчење. Таа вест ја добивме вчера, сите не шокираше, се врати како тренер, ова ни даде надеж, но не можеше да ја добие битката со ракот. Многу тажен момент за фудбалот“, изјави Венгер.

Михајловиќ кој почина вчера по тригодишна битка со леукемија, ќе биде погребан во понеделник во Рим.