Македонија Фатени тројца возачи што возеле над 50 км/ч повеќе од ограничувањето

Фатени тројца возачи што возеле над 50 км/ч повеќе од ограничувањето

Во населени места биле фатени 90 возачи што возеле пребрзо, а надвор од населено место се регистрирани 89 прекршоци

Фото: МВР

Во текот на вчерашната засилена акциска контрола, спроведена на територијата на целата земја, припадниците на Министерството за внатрешни работи (МВР) изрекле 179 санкции за пречекорување на максимално дозволената брзина.

Тројца од казнетите возачи го надминале ограничувањето на максимално дозволената брзина со над 50 км/ч.

Во населени места биле фатени 90 возачи што возеле пребрзо, а надвор од населено место се регистрирани 89 прекршоци.

Од МВР предупредуваат дека сообраќајните контроли ќе продолжат и во наредниве денови.