Хроника Фатени шест лица кои нелегално ја поминале македонско-грчката граница

Фатени шест лица кои нелегално ја поминале македонско-грчката граница

Полициски службеници вчера на местото Железнички мост пронашле шест лица, од кои двајца државјани на Италија и четворица државјани на Авганистан без документи, кои илегално ја преминале границата со Грција. Полицијата ги привела лицата и презема мерки за целосно расчистување на случајот.

Претходно полицијата на автопатот Тетово, при контрола на автобус на „Неоплан“ со охридски регистарски таблици, пронашла тројца државјани на Сирија на возраст од 23 до 27 години. Полицијата ги привела и ги задржала во полициската станица Тетово за понатамошна постапка.