Свет Европа ЕУ ги продолжи санкциите кон Русија за уште шест месеци

ЕУ ги продолжи санкциите кон Русија за уште шест месеци

Европската Унија ги продолжи до септември санкциите кон поединци во Русија и во Украина поради судирите во Украина.

Како што соопштија од Брисел, рестрикциите се продолжени за 146 луѓе и за 37 компании, кои се најдоа на црната листа поради постојаното поткопување и загрозување на територијалниот интегритет, суверенитет и независност на Украина.

Листата овојпат е пократка за три лица, кои во меѓувреме починале.

На листата на санкционирани се наоѓаат рускиот заменик-премиер Дмитриј Рогозин, министерот за одбрана Аркадиј Бахин, заменик-министерот за одбрана Анатолиј Антонов, како и Аркадиј Ротенберг.