Свет Европа Ердоган: Русија да докаже дека Турција купувала нафта од ИД

Ердоган: Русија да докаже дека Турција купувала нафта од ИД

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган го повика рускиот претседател Владимир Путин да ги докаже своите обвиненија дека високи турски претставници соработуваат со Исламска држава.
Ердоган побара од Русија да ги докаже своите тврдења дека Турција купувала нафта од ИД, додавајќи дека тие што обвинуваат, треба да приложат и докази.

– Доколку немате, вие сте клеветници – рече турскиот претседател, реагирајќи на руските обвиненија.

Односите меѓу Анкара и Москва се во тешка криза откако турското воздухопловство урна руски авион на границата со Сирија.