Економија ЕЛЕМ продаде вишоци електрична енергија за 796.080 евра

ЕЛЕМ продаде вишоци електрична енергија за 796.080 евра

ЕЛЕМ во текот на вчерашниот ден продаде вишоци електрична енергија во количина од 12.000 мегават часови, по просечна цена од 66.34 eвра за мегават час, информираат од таму. Вкупниот приход за компанијата од оваа продажба е 796.080 евра.

„Продадените вишоци електрична енергија се за септември 2018 година. Ова е петта аукција за продажба на електрична енергија од почетокот на годинава.ЕЛЕМ досега продаде вкупно 217.560 мегават часови, со вкупен приход од 11. 595.638 евра“, се вели во соопштението на ЕЛЕМ.