Свет Европа Експлозија во метро-станица во Санкт Петербург

Експлозија во метро-станица во Санкт Петербург

Десет лица загинаа, а повеќе од 50 се повредени во експлозија во метро-станица во Санкт Петербург, јавува агенцијата ТАСС, повикувајќи се на полициски извори.

Агенцијата јавува дека на една метро-станица одекнала експлозија и дека има многу повредени. Експлозијата одекнала во еден од вагоните на возот, додека тој се движел меѓу две станици.

Засега не се знае причината за експлозијата.

„Спутник“ јавува дека експлозијата се случила на сината линија на метрото и дека три станици се затворени.