Ctrl - Z Експанзијата на „Елден Ринг“ ја губи публиката бидејќи е претешка за играње

Експанзијата на „Елден Ринг“ ја губи публиката бидејќи е претешка за играње

И на Steam Reviews оценката за тоа дали е добра игра или не, e со статус „Mixed“, односно играта не испадна толку успешна колку што се очекуваше, поради фидбекот на играчите

Откако излезе експанзијата за Елден Ринг, „Shadow of the Erdtree”, публиката почна масовно да се жали дека експанзијата е претешка за играње. Тоа и е причината што оваа експанзија има многу негативни критики, а од неа се откажуваат повеќето играчи. И на Steam Reviews оценката за тоа дали е добра игра или не, e со статус „Mixed“ („Измешано“), односно играта не е толку успешна колку што се очекуваше, според фидбекот од играчите.

Хидетака Мијазаки, директорот на Фром Софт, компанијата креатор на играта предупреди дека играта ќе биде предизвикувачка и за играчите ветерани, но и дека и покрај поплаките, немаат намера да ја направат играта полесна. 

Проблемот што е честа појава во експанзијата е што билд (претходно склопена комбинација на способности и оружја) базиран на атрибутот Сила (Strength) e пребавен за главните во продлжението (експанзијата), а голем дел од играчите досега користеле таков билд поради можностите што ги отвара да се користат одредени оружја и поради стилот на блиска борба.

Втора работа е што не се напредува во кревањето левел како претходно, туку сите непријатели и обилните и главните се ист левел со вашиот лик и се отклучуваат способности и нови оружја со случајно истражување на нивоата. Притоа, применет е системот од играта „Секиро“, каде сè зависи од вештината на играчот и нема класично станување премногу моќен, бидејќи моќта зависи од тоа колку сте извежбани во самата игра.

Исто така, и вештачката интелегенција во оваа експанзија е програмирана така што главните веднаш се адаптираат на потезите и акциите на играчот и реагират пребрзо со автоматизирани контра напади. На пример, ако пиете напиток за здравје, во моментот кога ќе го стиснете копчето непријателот или босот „веднаш“ упатува контра напад без да има ни најмало временско одложување на неговиот напад. Има проблеми и со камерата на видно поле која често оди во „слеп агол“ и на моменти едвај се гледа што се случува, а самиот простор за борба е ограничен па можноста за избегнување удари е отежната.

Со сето ова земено предвид играта изгледа на моменти одлично, а на моменти гротескно, но сепак е со висок визуелен квалитет. Да се надеваме дека тешкотијата на играта со време постепено ќе привлече повеќе играчи. 

Експанзијата се продава за 40 евра, а базичната игра која што е потребна за да се игра експанзијата се продава за 60 евра на Steam. Ние би ви препорачале да почекате да се намалат цените.

За оваа игра имаме и претходни написи што може да ги прочитате овде