Свет Европа Едно лице загина при пукање во хотел во Даблин

Едно лице загина при пукање во хотел во Даблин

Најмалку едно лице загинало, додека друго добило тешки телесни повреди при пукање што се случило во хотелот „Риџенси“ во Даблин, пренесуваат локалните медиуми.

Тројца мажи упаднале во фоајето на хотелот, облечени во униформи кои наликувале на полициски.

Според очевидците, луѓето почнале да пукаат од „калашникови“, поради што десетина лица избегале, а меѓу нив имало и повредени, пренесува „Раша тудеј“.

Амбулантни и противпожарни возила се наоѓаат на местото на настанот.