Македонија Едно лице рането во вооружен инцидент во Струга

Едно лице рането во вооружен инцидент во Струга

Едно лице е рането во вооружен инцидент, кој денеска, околу 12.30 часот, се случил во центарот на Струга, јавува порталот „Охрид прес“.

Според првичните неофицијални информации, пукањето се случило поради недоразбирање меѓу неколку лица, во спортска обложувалница во близина на хотелот „Београд“.

Во инцидентот еден од вработените е нападнат и со огнено оружје му била нанесена повреда.

Повредениот итно бил пренесен во Општата болница во Струга.