Економија ЕБРД: Македонската економија со пораст од 3,5 проценти

ЕБРД: Македонската економија со пораст од 3,5 проценти

Европската банка за обнова и развој (ЕБРД) предвидува дека македонската економија годинава ќе има пораст од 3,5 проценти.

Македонската економија, како што наведено во извештајот на ЕБОР за регионалните економски перспективи, продолжува да расте со најбрза стапка во регионот.

Според ЕБОР, ризиците од намален пораст, главно, произлегуваат од внатрешните политички несогласувања.

Неодамна, Народната банка излезе со проекција за пораст на македонската економија од 4,1 отсто.