Економија ЕБОР одобри два милиони евра за проширувањето на оптичката инфраструктура

ЕБОР одобри два милиони евра за проширувањето на оптичката инфраструктура

Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) одобри кредит во висина од два милиони евра на компанијата „Неотел“, со кој се финансира проширувањето на оптичката инфраструктура на широкопојасната мрежа во Македонија.

Подобрените услуги ќе овозможат зголемување на бројот на корисници на широкопојасен интернет во Македонија, кој останува да биде речиси на половина од нивото на европскиот просек од 27,7 проценти покриеност на корисници од населението во земјата.