Македонија ДЗС: Позитивен природен прираст во второто тримесечје од годинава

ДЗС: Позитивен природен прираст во второто тримесечје од годинава

Во второто тримесечје од оваа година во земјава се родиле 5.683 бебиња, што во споредба со истиот период од минатата година претставува намалување за четири отсто, соопшти денеска Државниот завод за статистика (ДЗС).

Според ДЗС, бројот на умрените лица во истиот период бележи зголемување од 2,3 отсто во споредба со истото тримесечје од 2014 година и изнесува 4.892 лицa, од кои 48 се умрени доенчиња.

„Природниот прираст изнесува 791 лица, што значи, за толку лица бројот на живородените деца е поголем од
бројот на умрените лица“, стои во информацијата од ДЗС.

Бројот на склучени бракови во ова тримесечје од годината, според статистика, е зголемен за 8,2 отсто во споредба со истиот период од 2014 година и изнесува 3.710 бракови.

Разведените бракови во наведениот период бележат намалување од 12,4 отсто. Според ДЗС, во второто тримесечје од годинава имало 495 разведени бракови.