Македонија Две комисиски седници во Собранието

Две комисиски седници во Собранието

Во Собранието на Република Македонија, денеска седници ќе одржат Комисијата за финансирање и буџет и Законодавно-правната комисија.

На дневен ред на Комисијата за финансирање и буџет е предлог-законот за изменување на Законот за користење и располагање со стварите на државните органи, по скратена постапка во второ читање.

По предлог-законот за изменување на Законот за користење и располагање со стварите на државните органи, по скратена постапка во второ читање, ќе расправаат и членовите на Законодавно-правната комисија.