Свет Свет Двајца загинати и осуммина повредени при престрелка во центарот на Москва

Двајца загинати и осуммина повредени при престрелка во центарот на Москва

Најмалку две лица починале, а осум се повредени во престрелка во центарот на Москва, пренесуваат руските медиуми.

Агенцијата „Интерфакс“ јавува дека престрелката се случила синоќа, околу 22 часот, на улица во центарот на Москва, во близината на Кремљ.

Руската телевизија „Лајф њуз“ прикажала снимка од безбедносни камери, на која се гледаат две групи од околу 15 мажи кои стрелаат едни кон други од огнено оружје.