Хроника Двајца велешани осомничени дека украле 61 лаптоп од училиште

Двајца велешани осомничени дека украле 61 лаптоп од училиште

Двајца велешани се осомничени дека на почетокот од минатиот месец од основото училиште „Кирил и Методиј“ украле 61 мини-лаптоп, соопшти полицијата.

Секторот за внатрешни работи Велес, против осомничените В.П. (23) и М.Ѓ. (21) поднел кривична пријава, со која ги товари за тешка кражба.

Според полициските информации, осомничените, ноќта меѓу 6 и 7 септември, успеале да провалат во основното училиште, отворајќи ја влезната врата, а потоа се качиле на горниот кат и од две училници ги зеле компјутерите и опремата за нив.

Украдените компјутери ги сокриле во стан во градот и планирале да ги продадат. По добиени информации за осомничните, полицијата на 16 септември ги нашла и ги одзела компјутерите, кои биле вратени на основното училиште.