Хроника Двајца тетовци осомничени за 10 тешки кражби

Двајца тетовци осомничени за 10 тешки кражби

Тетовската полиција поднела кривични пријави против Е.А. (21) и Р.Х. (25), осомничени дека изминатите неколку месеци извршиле вкупно 10 тешки кражби во градот, соопшти полцијата.

Како што информираат оттаму, Е.А. се товари за осум, додека Р.Х. е осомничен за две тешки кражби.

Дваесет и едногодишниот тетовец, според полицијата, најголем дел од кражбите ги извршил во возила, паркирани на различни места во градот и причинил вкупна материјална штета од 80.000 денари. Тој и Р.Х. се товарат дека заеднички извршиле една тешка кражба и обид за тешка кражба во куќи во Тетово, од каде однеле плен во вредност поголема од 40.000 денари.

Од полицијата додаваат дека против Е.А. и претходно биле поднесувани кривични пријави.