Хроника Двајца малолетници осомничени за кражби во цркви и манастири

Двајца малолетници осомничени за кражби во цркви и манастири

Струмичката полиција до локалното Основно јавно обвинителство поднела известување против двајца малолетници од селото Лубница, осомничени дека кон средината на април извршиле серија кражби во цркви и во манастири, соопшти полицијата.

Како што информираат оттаму, малолетниците се товарат за шест тешки кражби во цркви и во манастири на подрачјето на Радовиш и за одземање моторно возило.

Осомничените на 12 и на 13 април оваа година, провалиле во цркви и во манастири во селата Дедино, Горно Ињево и Ракитец и украле пари и други предмети.

По кражбите, според полицијата, тие одзеле и автомобил „шкода фелиција“, кое подоцна, откако заглавило, го оставиле и патот до селото Лубница го продолжиле пеш.

Според полицијата, пленот што го однеле осомничените малолентици изнесувал околу 210.000 денари или околу 3.400 евра.