Македонија Два нови дијагностички апарати во поликлиниката Бит-пазар

Два нови дијагностички апарати во поликлиниката Бит-пазар

Нови современи доплер ехо-кардиограф и ОРЛ-стол од денеска функционираат во Здравствениот дом Скопје – поликлиника Бит-пазар.

– Здравствениот дом во Скопје може да се нарече чувар на портите на терциерното здравство, имајќи предвид дека огромен број од услугите се даваат токму во неговите здравствени установи. Досега тука се дадени околу еден милион здравствени услуги, од кои најмалку 50 проценти се услуги дадени на специјалистичко консултативно ниво. Пациентот кога ќе дојде во здравствениот дом, во најголем број случаи, односно во повеќе од 90 проценти од случаите ја добива комплетно здравствената услуга тука – истакна министерот за здравство Никола Тодоров, кој денеска беше во посета на Здравствениот дом Скопје.