Македонија ДУТ рече „не“ за државен испит, Адеми најави пилот-примена на законот

ДУТ рече „не“ за државен испит, Адеми најави пилот-примена на законот

„Не“ за државниот испит денеска рекоа студентите и професорите на Државниот универзитет во Тетово. На јавната дебата, на која учествуваше и министерот за образование и наука, Абдилаќим Адеми, тие посочија дека со предлогот се загрозува автономијата на универзитетите и тој е во целосна спротивност со болоњскиот процес на високо образование.

На тоа Адеми одговори дека тоа што било кажано ќе придонесе за продобрување на текстот.

-На дебатата беа презентирани новините што ги носи предлогот, а дилемите кои очигледно постојат, се обидов да ги објаснам. Добив и официјално писмено известување со конкретни забелешки и предлози. Бидејќи законот не е дефинитивен, има можност за корекции. Ќе има и пилот-примена особено за клучните прашања – рече Адеми.