Македонија Душан Чимев од Виница го фати светиот крст во Скопје

Душан Чимев од Виница го фати светиот крст во Скопје

Дваесет и двегодишниот Душан Чимев од Виница го фати светиот крст во Скопе, кој од мостот кај „Холидеј ин“ го фрли поглаварот на Македонската православа црква-Охридска архиепископија, г.г. Стефан.

– Нека е за многу години. Господ на сите да дава среќа, здравје, љубов и вера – рече Чимев, кој од Македонската православна црква доби Свето писмо, златно крвче и икона со ликот на Исус Христос.

Архиепископот охридски и македонски г.г Стефан пред фрлањето на крстот рече дека „овој богојавленски чин нè потсетува на настанот во јорданските води, каде Господ Исус Христос се крстил, но и на дадената можност преку крштевањето повторно да се родиме и да бидеме со Бога“. Тој церемонијата ја заврши со зборовите „Бог се јави“.

Следната година, кума ќе биде Елена Илиоска со семејството.

Церемонијата почна со богојавленската литургија во 9 часот во црквата „Рождество на Пресвета Богородица“ во Скопје. Потоа поглаварот на МПЦ со свештенослужителите се упати кон мостот на Вардар каде, пред да го фрли крстот, ги освети водите на реката.