Македонија ДУИ упати честитка по повод Рамазан-бајрам

ДУИ упати честитка по повод Рамазан-бајрам

Граѓаните од исламска вероисповед денеска го слават Рамазан-бајрам, еден од двата најзначајни исламски празника.

Рамазан-бајрам го одбележува крајот на постот. Првиот ден од тридневниот празник почнува со утринска молитва, односно со бајрам-намаз.

Претседателот на Демократската унија за интеграција (ДУИ) Али Ахмети упати честитка до сите муслимански верници по повод овој празник.

– Посакувам овој голем празник сите ние да го чекаме во мир и семејна радост бидејќи Бајрам е уште една можност за обединување како одраз на значајните вредности на семејството, милосрдието и на нацијата. Освен Бог и нашите семејства, верските празници нè зближуваат со тие што имаат потреба за помош и се протега раката на солидарност и на меѓусебната почит – се вели во честитката од ДУИ.

Денеска е неработен ден за граѓаните на Македонија.