Македонија ДУИ: Надлежните да го расветлат убиството во Куманово

ДУИ: Надлежните да го расветлат убиството во Куманово

Демократската унија за интеграција ги повика надлежните да го расчистат денешниот вооружен инцидент во Куманово, во кој едно лице е убиено, а две се ранети.

Партијата изрази сочувство до семејството на убиениот, а на повредените им посака побрзо закрепнување.

Инцидентот се случил денеска попладне, кога непознато лице, од возило во движење отворило оган врз убиениот Џемаил Реџепи, познат како Командант Шкипоња, и врз ранетите, Шефки Реџепи и Гани Демири.