Македонија Доставено барање до Судот да се укине притворот на Јанева

Доставено барање до Судот да се укине притворот на Јанева

Адвокатката на Катица Јанева, Ирена Фрчкоска доставила барање до Судот за укинување на мерката притвор. Таа очекува до петок, кога истекува 30-дневната мерка притвор, да има одлука.

Фрчкоска за дел од медиумите изјави дека основите за определување мерка притвор се отпаднати со самото нејзино разрешување од СЈО и од ОЈО Гевгелија.

Таа посочи дека бараат Катица Јанева да се брани од слобода, за што предложиле и други мерки за обезбедување, како и гаранција во недвижен имот.