Македонија Досега 30.000 фискални каси со уред за ГПРС

Досега 30.000 фискални каси со уред за ГПРС

Досега кај компаниите се регистрирани околу 30.000 фискални каси со уред за ГПРС, а има само уште 20-тина дена пред истекот на рокот. Од Управата за јавни приходи апелираат даночните обврзници да ја направат промената на фискалните апарати бидејќи со тоа освен што ќе се намалат трошоците на фирмите, ќе се елиминира и нелојалната конкуренција. До 31 јануари од УЈП очекуваат да се воведат уште 20 до 25.000 фискални каси со ГПРС-уред. За оние што нема да ја исполнат оваа обврска, ќе следат парични казни, како и затворање на објектите.