Македонија До денеска МВР издало потврди на 9.955 потенцијални баратели на азил

До денеска МВР издало потврди на 9.955 потенцијални баратели на азил

Министерството за внатрешни работи (МВР) вчера издало 445 потврди за искажана намера за барање азил на странски државјани, кои илегално влегле во земјава, соопшти МВР.

Од донесувањето на измените на Законот за азил и привремена заштита на 19 јуни, до денеска изутрина, МВР издало потврди на вкупно 9.955 странски државјани, најголем дел од Сирија (6.878), потоа Авганистан (868), Ирак (538), Пакистан (434), Сомалија (303), Палестина (273), Конго (241) и помал дел од други земји.

Според МВР, до денеска до Одделението за азил биле поднесени 32 барања за признавање на правото на азил.

„23 барања се од државјани на Сирија, од нив шест за деца, потоа три барања од државјани од Пакистан, по две барања од државјани од Мароко и од Алжир и по едно барање од државјани од Египет и од Ирак“, информираат од Министерството.

Во Прифатниот центар за баратели на азил во моментот, според МВР, има вкупно 25 лица, од нив 22 мажи, 2 жени и еден малолетник.