Македонија Џафери им го честиташе Денот на албанското знаме на припадниците на албанската...

Џафери им го честиташе Денот на албанското знаме на припадниците на албанската заедница

Фотo: Justin W Flory, Wikimedia Commons

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Талат Џафери, на припадниците на албанската заедница им го честиташе албанскиот национален празник 28 Ноември – Денот на знамето „со искрени желби за бескрајни успеси и напредок на Албанците каде и да се“.

„Би сакал овој Ноември да не нè најдеше со олку трогателни вести кои доаѓаа од сите страни и прославувањето да беше во некоја посвечена атмосфера. Посакувам нашата заедничка определба за европска интеграција да биде единствениот патоказ кој што ќе не поттикнува да работиме со посветеност и да станеме што побрзо дел од големото европско семејство каде ќе можеме сите заедно да го дадеме нашиот придонес за еден подобар свет за младите генерации“, порача Џафери.