Македонија Дизелот поскапува за половина денар

Дизелот поскапува за половина денар

Цената на Еуросупер БС-95 и Еуросупер БС-98 останува иста

фото: Мета.мк

Од утре ќе поскапат дизелот и Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) за 0,5 денари за литар, соопшти Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ).

Дизелот сега ќе чини 71,50 денари за литар, додека ЕЛ-1 маслото ќе чини 71 денар за литар.

Дополнително, малопродажната цена на мазутот М-1 НС, се зголемува за 0,491 ден за килограм, со што сега ќе чини 46,295 денари за килограм.

Цените на Еуросупер БС-95 и Еуросупер БС-98 остануваат, односно 79.50 и 81.50 денари за литар, соодветно.

„Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување во просек: кај бензините за 1,126%, кај дизелот 1,333%, кај екстра лесното масло за 2,161% и кај мазутот зголемувањето е за 1,851%“, дополнително потенцираат од РКЕ.