Хроника Дисциплински решенија за 42 вработени во МВР

Дисциплински решенија за 42 вработени во МВР

Во текот на минатата недела, по спроведена дисциплинска постапка, донесени се 42 решенија против 42 вработени во Министерството за внатрешни работи поради сторени повреди во работењето, во согласност со одредбите од член 206, став 1 точки 1, 2, 3, 4, 6 и 7 и член 207, став 1 и точки 4, 8 и 15 од Колективниот договор на МВР.

На 30 вработени изречена им е парична казна, на осум вработени им е изречено запирање на постапката, двајца вработени се распоредени две нивоа пониско, еден вработен е распореден едно ниво пониско и на еден вработен изречен му е отказ, информираат од МВР.