Македонија ДИК вечерва треба да соопшти дали има услови за избори на 5...

ДИК вечерва треба да соопшти дали има услови за избори на 5 јуни

Независниот член на Државната изборна комисија (ДИК), Атанас Урумов, денеска информираше дека на вечерашната седница ДИК ќе треба да соопшти дали има или нема услови за избори на 5 јуни, јави „Плусинфо“.

– Пред почетокот на седницата, имавме состанок со амбасадорите Џес Бејли и Аиво Орав. Тие од нас побараа концизно да се произнесеме дали има услови за избори на 5 јуни, па предлагам да се произнесеме овде, на јавна седница, и пред нив и пред граѓаните – рече Урумов.

Неговиот предлог беше изгласан со седум гласа „за“ и со два гласа „против“. Против предлогот на Урумов гласаа членовите на ДИК од редовите на СДСМ.