Свет Европа Џонсон: Г7 разгледуваат воведување санкции за одредени Руси

Џонсон: Г7 разгледуваат воведување санкции за одредени Руси

Министерот за надворешни работи на Велика Британија, Борис Џонсон, изјави дека министрите на државите членки на Г7 разгледуваат воведување санкции за одредени Руси.

Како што рече Џонсон, санкциите би се вовеле поради поддршката што тие ја даваат на сирискиот претседател Башар ал Асад.

Џонсон наведе дека темата на разговорите кои се одржуваат во италијанскиот град Лука е „разгледување на можноста за санкции, на некои сириски воени лица и секако на руски воени лица“.

Министрите на државите членки на Г7 разговараат за одговорот на минатонеделниот напад со хемиско оружје, кој се случи во Сирија, а за кој САД ја обвинуваат владата на Башар ал Асад и неговите руски поддржувачи.