Свет Свет Џон Ален: Ќе ги победиме џихадистите во Кобане

Џон Ален: Ќе ги победиме џихадистите во Кобане

Генералот Ален смета дека повлекувањето на џихадистите од Кобане е знак дека победничкиот марш ќе го има меѓународната коалиција, предводена од САД

Џихадистите на Исламска држава самите се доведоа во позиција да бидат лесна мета, доведувајќи ги своите борци во сирискиот град Кобане, соопшти пензиониранит американски генерал Џон Ален.

– На тој начин меѓународната коалиција можеше да ги бомбардира – додаде Ален.
Ален, кој е координатор на коалицијата предводена од САД во борбата против џихадистите во Сирија и во Ирак, вели дека според досегашните процени, 600 припадници на ИСИС се убиени во воздушните напади.

– Исламската држава на крај ќе биде победена во битката за Кобане – додаде Ален.

Според неговите зборови, повлекувањето на џихадистите од Кобане укажува на тоа дека не ги постигале целите. Тоа, според Ален, е показател дека „победничкиот марш“ ќе го имаат коалициските сили.