Видео Џихад Џон без маска најави продолжување на егезкуциите и враќање во Британија

Џихад Џон без маска најави продолжување на егезкуциите и враќање во Британија

Озлогласениот припадник на Исламска држава, познат како Џихад Џон прв пат е снимен без карактеристичната црна маска. Снимката наводно настанала пред неколку месеци во Сирија, а ја објави „Дејли маил“.

Објавената снимка е скратена на само неколку секунди, додека оригиналната трае минута и 17 секунди. Освен продолжување на мисијата за ликвидирање на непријателите на ИД, Џихад Џон најави и враќање во родната Велика Британија и тоа во друшство со водачот на терористичката организација.

Џихад Џон кон почетокот на годинава беше идентификуван како 27-годишниот Мохамед Емвази од Лондон. Досега се претпоставува, дека егзекутирал седум лица, од кои двајца Британци.