Забава Џаред Лето ќе биде новиот Џокер

Џаред Лето ќе биде новиот Џокер

Компанијата „Ворнер брос“ официјално објави дека Џаред Лето ја доби улогата на Џокер во филмската адаптација на стрипот „Самоубиствен одред“. Вил Смит ќе го глуми Дедшот, Том Харди е Рик Флаг, Маргот Роби ќе ја глуми девојката на Џокер, Харли Квин, моделката Кара Девелин ќе биде Енчантрес, а Џеј Кортни е Бумеранг.
Режисер на филмот е Дејвид Ер, продуценти се Чарлс Ровен и Ричард Сакл. Снимањето на филмот ќе почне во април во Торонто, а премиерата е закажана за 5 август 2016 година.