Македонија Џафери го честиташе Денот на сесловенските просветители Св. Кирил и Методиј

Џафери го честиташе Денот на сесловенските просветители Св. Кирил и Методиј

Претседателот на Собранието Талат Џафери од негово име и од името на пратениците упати честитка по повод Денот на сесловенските просветители Св. Кирил и Методиј.

„Со ова празнување, им оддаваме почит на светите браќа Кирил и Методиј како основоположници на словенската писменост и литература, заслужни за културниот развој како на македонскиот народ, така и на сите словенски народи. Како најголеми поборници за слободата на човечкиот дух, нивниот огромен придонес во битката против заборавот и незнаењето е од непроценлива вредност, бидејќи само пишаниот збор е тоа што останува и преку кој се пренесува знаењето и мудроста на човекот. Просветлувајќи се најпрвин себе си преку христијанската вера, со своите дела покажале дека просветлен и просветен човек е оној кој е добар и праведен, кој е вистинољубив и човекољубив“, се вели во честитката упатена од претседателот на Собранието.