Економија Девизните резерви во јули се зголемиле

Девизните резерви во јули се зголемиле

Во јули е забележано зголемување на девизните резерви, информираат од Народна банка.

Главен фактор за зголемувањето во овој период се трансакциите за сметка на државата, заради издадената еврообврзница, а во помал дел и девизните депозити на домашните банки кај НБРМ, како и интервенциите на НБРМ на девизниот пазар, коишто во текот на јули беа во насока на нето-откуп на девизи.

– Сите показатели на адекватноста на девизните резерви покажуваат дека тие во континуитет се движат во сигурната зона. Притоа битно е да се нагласи дека движењата на менувачкиот пазар, како показател за приватните трансфери, се поволни, при раст на нето-откупот на девизи во текот на јуни и јули – велат од Народна банка.