Економија Десетгодишнина на Европската бизнис-асоцијација

Десетгодишнина на Европската бизнис-асоцијација

Еминентни бизнисмени и политичари ќе земат учество на три панел дискусии

По повод јубилејот 10 години од своето постоење, Европската бизнис-асоцијација на 13 ноември, во хотелот „Александар палас“ во Скопје, ќе организира економски форум на кој ќе учествуваат највисоки владини претставници, извршни директори од најголемите македонски компании, како и претставници од ЕУ-институции и менаџери од повеќе интернационални компании.

Еминентни бизнисмени и политичари ќе бидат дел од три панел-дискусии, посветени на макроекономскиот развој на Македонија, искуствата на странските инвеститори во земјава и  развој на македонските брендови и нивната конкурентност.

Целта на овој 10. јубилеен форум е да се дадат генерални оцени за условите во кои работат македонските компании, како и сугестии за подобрувања, за да се подобри нивната конкурентност и развојот на целокупната економија.