Економија Депозитната база на банките во април забележа пад од 2,2 проценти

Депозитната база на банките во април забележа пад од 2,2 проценти

Депозитната база на банките во април забележа значителен пад од 2,2 проценти на месечна основа, поради неизвесниот домашен политички амбиент.

– Првичните податоци за мај покажуваат понатамошен тренд на намалување на депозитите, но многу послабо во однос на април, при што од дневните податоци за втората половина на мај и за првата половина од јуни се забележува значително стабилизирање на депозитната база. Ова упатува и на стабилизирање на согледувањата на економските субјекти – се вели во соопштението на Народна банка.