Македонија Денеска во Собранието ќе се одржи седница за пратенички прашања

Денеска во Собранието ќе се одржи седница за пратенички прашања

Денеска во Собранието ќе се одржи седница на која пратениците ќе можат да поставуваат прашања до министрите и до премиерот.

Седницата ќе почне во 11 часот.

Досега седниците за пратенички прашања се одржуваа последниот четврток од месецот, но поради обврските на премиерот, седницата е закажана за денеска.