Македонија Денеска студено со снег

Денеска студено со снег

Во Македонија денеска ќе биде облачно, со снег во западните делови од земјата и во Пелагонија. Северен ветер ќе дува во Прилеп, Штип и на повисоките места во Скопската Котлина.

Утрово во Македонија најстудено е во Маврово и во Крушево, каде што се измерени -10 Целзиусови степени, -9 се измерени во Лазарополе, -6 во Крива Паланка и во Пожаране, -5 во Берово, -4 во Охрид, Претор, Прилеп и во Битола, -3 во Дебар и во Куманово, -2 во Виница, -1 степен во Скопје, Штип и во Тетово, нула во Струмица, Кавадарци, Дојран и во Демир Капија и 2 Целзиусови степена во Гевгелија.

Снег од 62 сантиметри има во Маврови Анови, 46 сантиметри се измерени во Лазарополе, 35 во Крушево, 7 во Пожаране, 4 во Тополчани и 2 сантиметри снег има во Прилеп.