Македонија Денеска седници за разрешување на Мизрахи и за Законот за јавно обвинителство

Денеска седници за разрешување на Мизрахи и за Законот за јавно обвинителство

Фото: Борче Поповски

Седницата за предлог-измените за Законот за јавно обвинителство ќе продолжи денеска во 11 часот. Таа почна синоќа по 21 часот, но собранискиот спикер Талат Џафери ја презакажа за денеска, бидејќи немало услови за продолжување затоа што за збор се пријавиле над 30 пратеници.

Џафери исто така за денеска закажа седница за разрешување на техничката министерка за труд и социјална политика, Рашела Мизрахи, по барање на техничкиот премиер Оливер Спасовски, заради прекршување на Договорот од Преспа.

Како што и најави дека Собранието ќе се распушти на 16 февруари, Џафери закажа седница за во недела во 12 чаоот.