Дописници Денеска се одбележува Денот на рибарите

Денеска се одбележува Денот на рибарите

Денеска напладне во Охрид, во месноста Сараиште на Охридско Езеро, ќе се одбележи Денот на рибарите.

Денот на рибарите традиционално се организира по повод празникот Свети Јован Крстител, а покрај другото, претставува ритуално капење во ладните езерски води – за здравје, среќа и за бериќет.

За присутните ќе се служи и вино и топла ракија, додека за традиционалната „повеќетонска“ рибна чорба се задолжени да ја поготват учениците од средното угостителско училиште „Ванчо Питошески“.

Годинава ќе се дели и македонскиот специјалитет – пача, која ќе ја подготват студентите од Факултетот за туризам и угостителство од Охрид.

Тимовите за логистика на Црвен крст од Охрид дел од рибната чорба ќе однесат во семејствата со социјален ризик во Охрид, како и на лица со хендикеп и на стари лица кои не се во можност да присуствуваат на овој атрактивен настан.

За да биде сè според охридската традиција, охридската група „Билјана јуниор“ ќе го исполни просторот со звуците на староградскиот фолклор.