Македонија Денеска се избира нов претседател на ЗНМ

Денеска се избира нов претседател на ЗНМ

Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) денеска ќе избира нов претседател и членови на управниот одбор, членови на надзорниот одбор и на Советот на честа.

Освен актуелниот претседател, Насер Селмани, засега нема други кандидати за претседател. Заинтересираните за оваа функција своите кандидатури ќе можат да ги поднесат и денеска.

Актуелниот претседател, Насер Селмани беше избран на изборното собрание што се одржа во 2010 година.