Македонија Денеска протест на Националната мрежа против хомофобија и трансфобија пред Јавното обвинителство

Денеска протест на Националната мрежа против хомофобија и трансфобија пред Јавното обвинителство

Националната мрежа против хомофобија и трансфобија (НМХТ)

Под мотото „Правда за сите, различни, еднакви, слободни“ националната мрежа против хомофобија и трансфобија (НМХТ), денеска во 12 часот ќе организира протест пред просториите на Јавното обвинителство во Скопје.

Протестот ќе трае 15 минути и со него нема да биде ограничено движењето на граѓаните, а неговата цел е да се истакне потребата за ефикасен пристап до правда за сите граѓани, без оглед на нивната различност.

НМХТ бара премиерот, министерката за внатрешни работи и министерот за правда, јавно да го осудат хомофобичното насилство од омраза против ЛГБТ-луѓето во Македонија.

Исто така, се бара брзо разјаснување на случаите со насилство на претставници на ЛГБТ-заедницата во кафулето „Дамар“, откривање на сторителите и ефикасна судска постапка за насилство и за расна и друга дискриминација.