Македонија Денеска ќе се одржи меѓународна конференција „Медиуми и човекови права“

Денеска ќе се одржи меѓународна конференција „Медиуми и човекови права“

По повод меѓународниот ден на човековите права, Институтот за новинарство, медиуми и комуникации, при Правниот факултет „Јустинијан Први“ на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, организира Меѓународна конференција на тема „Медиумите и човековите права“.

Целта на конференцијата е да овозможи размена на мислења и презентација на истражувачки резултати на оваа суштествена тема за медиумите и за човековите права, а особено битна за Република Македонија.

На отворањето на конференцијата ќе се обратат деканот на Правниот факултет, проф. д-р Борче Давитковски, и американскиот амбасадор во Македонија, Џес Бејли.