Македонија Денеска ќе се дебатира во три собраниски комисии

Денеска ќе се дебатира во три собраниски комисии

Собраниската комисија за транспорт, врски и за екологија ќе расправа по измените на Законот за управување со отпадот, на Законот за животна средина, на Законот за електронските комуникации, на Законот за електронско управување, како и измените на Законот за просторно и за урбанистичко планирање.

На дневен ред на оваа комисија се и измените на Законот за работното време, задолжителните одмори на мобилните работници и возачите во патниот сообраќај и уредите за запишување во патниот сообраќај, измените на Законот за внатрешна пловидба, на Законот за превоз во патниот сообраќај, на Законот за сигурност во железничкиот систем, како и на измените на Законот за градежно земјиште, сите во второ читање.

Членовите на Комисијата за труд и социјална политика ќе дебатираат за измените на Законот за безбедност и здравје при работа, на Законот за социјална заштита, на Законот за задолжително капитално финансирано пензиско осигурување и за измените на Законот за заштита на децата, сите во второ читање.