Македонија Денеска ќе се дебатира во три собраниски комисии

Денеска ќе се дебатира во три собраниски комисии

Во Собранието на Република Македонија денеска седници ќе одржат комисиите за економски прашања, за одбрана и безбедност и за прашања на изборите и на именувањата.

На дневен ред на Комисијата за економски прашања се предлог-законите за изменување и за дополнување на Законот за угостителска дејност, Законот за возила, Законот за државната статистика, Законот за трговски друштва, Законот за едношалтерскиот систем и за водење на трговскиот регистар и регистар на други правни лица, Законот за технолошки индустриски развојни зони, Законот за контрола на предметите од скапоцени метали и други закони, сите во право читање.

Членовите на Комисијата за одбрана и безбедност треба да ги разгледаат измените и дополнувањата на Законот за производство и за промет на вооружување и воена опрема, предлог-одлуката за изменување на Одлуката за испаќање припадник на Армијата на Република Македонија за учество во мировната операција на Европската унија „Алтеа“ во Босна и Херцеговина и предлог-законот за безбедност на сообраќајот на патиштата во второ читање.

Комисијата за прашања на изборите и на именувањата ќе ги утврди предлог-одлуката за дополнување на одлуката за избор на претседател, членови и заменици-членови на Советот на Собранискиот канал и предлог-одлуката за дополнување на одлуката на составот на Буџетскиот совет на Собранието на Република Македонија.