Македонија Денеска 34. седница на Собранието

Денеска 34. седница на Собранието

На денешната 34. седница на Собранието на Република Македонија, на дневен ред се неколку закони во второ читање од областа на економијата и на финансиите.

Ќе се гласа за дополнет предлог-закон за градежно земјиште, измени на Законот за даночна постапка, измени и дополнувања на Законот за хартии од вредност, на Законот за банките и на Законот за парнична постапка, како и за предлог-допополнувања на Законот за Фондот за осигурување на депозити, сите во второ читање.

На дневен ред е и предлог-законот за изменување на Царинскиот закон, по скратена постапка.